Топлата чоколада го подобрува помнењето

64

toplo-cokolado

Фото: Pexels

Две чаши топло чоколадо дневно, можат да го подобрат помнењето и да ја забрзаат работата на мозокот.

Ова го заклучија научници од Харвард, откако го тестираа помнењето и моќта на размислување кај 60 испитаници. Дел од нив редовно пиеле два чаши топло чоколадо, цел месец, што резултирало со подобрување на меморијата кај оние кои имале слаб проток на крв во мозокот.

Научниците отидоа и чекор понапред во испитувањата и заклучија дека одредени состојки што се наоѓаат во чоколадата можат да го намалат холестеролот.

Многу истражувања спроведени во последниве години покажуваат дека една коцка темна чоколада во текот на денот може да го намали ризикот од срцев удар и излив.