Topmix Permeable – “жеден“ бетон што може да впие 600 литри вода за една минута

23

topmix-permeable

Компанијата Tarmac го создаде таканаречениот “жеден“ бетон, којшто апсорбира голема количина на вода во себе.

Овој “жеден“ бетон, под името Topmix Permeable, може да впие 600 литри вода на еден квадратен метар во една минута, што е повеќе од доволно при елементарна непогода.

Topmix Permeable може да се поставува на страничните делови на улиците, така што водата од обичниот непропустлив бетон може да се слева на страните каде што има од овој бетон.

Овој вид на бетон на топлина не се загрева толку како и обичниот бетон, а единствен недостаток му е тоа што може да биде проблематичен на ниски температура, бидејќи многу студена вода може да го оштети.