Топол оброк од Maggi за децата од СОС Детско село и Солем

19

За два месеца се собрани 3.000 кесички супа од хуманитарната акција на Maggi, во која учествуваа сите граѓани во Македонија и компанијата Nestlé. Супите се донирани во здруженијата СОС Детско село и Солем и се очекува да ги задоволат потребите на нивните корисници во текот на следните три месеци.

„Во рамките на нашата организација СОС Детско село Македонија, донацијата на супите Maggi ќе биде поделена во 12 СОС-семејства во кои во овој момент се згрижени 65 деца, во две младински куќи во кои се згрижени 28 младинци и во 30 социјално загрозени семејства во кои се згрижени околу 100 деца. Нашата мисија како организација е да обезбедиме грижа за секое дете, а со супите Maggi обезбедивме и топол оброк во домовите на овие деца“, рече Јулијана Гапо, национален директор на СОС Детско село Македонија.

Граѓаните на Македонија во голема мера се одѕваа на повикот и придонесоа со купувањето на супите Maggi, додека пак компанијата Nestlé за секоја купена супа Maggi донираше уште по една.

„Сметаме дека е многу важно да се има барем еден топол оброк секој ден и затоа осмисливме акција од ваков вид, која ќе ги ангажира и граѓаните и на тој начин ќе ја подигне кај нив свеста за луѓето што се нивни сограѓани, но често остануваат невидливи. Им благодариме на сите што ни се приклучија и се надеваме дека и во иднина ќе спроведуваме слични акции“, рече Тина Трпковска, маркетинг и CCSD менаџер на компанијата Nestlé.

Хуманитарна акција од ваков вид првпат е спроведена во Македонија, за да се обезбеди топол и хранлив оброк за корисниците во центарот СОС Детско село и за здружението Солем.