Topshop има нов сопственик

133

Британскиот онлајн гигант Asos ги купи брендовите на Arcadia, вклучувајќи ги Topshop, Topman, Miss Selfridge и HIIT, за 295 милиони фунти.

Групата Arcadia банкротираше уште во ноември 2020 година, нивната најголема продавница на улицата Оксфорд во Лондон беше затворена и остана отворено прашањето што ќе се случи со 13.000 работни места.

Asos ја виде можноста и ги купи брендовите Topshop, Topman, Miss Selfridge и HIIT, но не ги купи нивните физички продавници, пишува BBC.

Извршниот директор на Asos, Ник Бејтон, рече дека брендовите што ги купиле имаат раст на продажбата преку Интернет. Сè уште не е познато што ќе се случи со илјадниците вработени бидејќи Asos  соопшти дека само 300 сегашни вработени ќе се приклучат во нивните редови.

Arcadia, малопродажна империја во сопственост на Филип Грин и неговото семејство, стана една од најголемите економски жртви на пандемијата од Ковид-19.

Кон крајот на ноември минатата година оваа империја поднесе барање за банкрот во Лондон.

Forbes проценува дека тој и неговата сопруга Кристина Грин имаат 2,3 милијарди долари.

Фото: Facebook