Фото: Facebook
Францускиот енергетски гигант Total договори продажба на удели во две норвешки нафтени полиња на нафтениот гигант Statoil за сума од 1,45 милијарди долари, пишува Reuters.
Statoil ќе преземе 51% од акциите во нафтеното поле Martin Linge и 40% од полето Garantiana.
Инаку во август, Total договори аквизиција на данската компанија Maersk Oil, во трансакција вредна 7,45 милијарди долари, од којашто Total очекува зајакнување на операциите во Северното море.