Toyota бесплатно ќе споделува патенти за хибридни возила

23

Toyota-prius

По стапките на својот конкурент Tesla Motors, јапонскиот производител на автомобили Toyota донесе одлука да се откаже од заштита на патентите за производство на електрични возила, пишува Cnbs.com.

Ова е прв пат јапонскиот производител на автомобили да ги објави патентите без да наплати за тоа. Овие патенти ќе им бидат на располагање на сите компании што произведуваат автомобили со водородни ќелии за гориво, дистрибутерите на делови и компоненти за овој вид на возила, како и на компаниите што се занимаваат со производство, складирање и дистрибуција на водород за потребите на хибридните возила.

“Се надевам дека со бесплатното споделување на овие патенти ќе се зголемат перформансите, ќе се намалат трошоците и ќе се зголеми продажбата на овој вид возила“, вели заменик претседателот на Toyota, Боб Картер.

Патентите што се однесуваат на ќелиите за гориво ќе бидат бесплатни до 2020 година, а сите останати ќе бидат неограничено достапни.