Toyota формира конзорциум со технолошки компании

51

tojota

Фото: Pexels

Компании од технолошката индустрија се здружуваат со јапонската автомобилска компанија Toyota со цел заеднички да работат на развивање на системи за податоци за поддршка на автономните возила и други идни автомобилски достигнувања, пишува Tech Crunch.

Denso, Ericsson, Intel и NTT Docomo се приклучија на јапонскиот автомобилски гигант и го формираа конзорциумот Automotive Edge Computing Consortium. Тие планираат бројот на членови во нивниот конзорциум да се зголеми до крајот на годинава.

Конзорциумот има за цел да ги користи податоците за поддршка на новите сервиси, како што се интелегентно возење, создавање на мапи со податоци во реално време и помош при возење врз основа на “cloud computing“.