Toyota и BMW заеднички ќе развиваат нова технологија за еко – возила

41

toyota bmwЈапонскиот произведувач на автомобили Toyota и германски BMW ќе започнат соработка на истражување на напредна генерација литиумски – воздушни акумулатори за еколошки возила. Двете компании изјавија дека соработката не подразбира партнерство со капиталот, туку здружување во развивањето на технологијата за еко – возилата. И двете компании очекуваат преку соработката да ја унапредат својата конкурентност во новите технологии.

“Ние навистина делиме иста визија”, изјави Херберт Дис од бордот на BMW.

Јапонскиот и германскиот производител соопштија дека планираат до 2020 година да го завршат системот на хибридни возила со горивни ќелии.

Според нив, литиумско – воздушните акумулатори ќе бидат помоќни од моменталните литиумско – јонски акумулатори што се користат во електричните возила.