Toyota и Panasonic основаат заедничка компанија за “поврзани“ услуги

47

Јапонскиот производител Toyota и корпорацијата Panasonic подготвуваат заедничка компанија којашто ќе развива таканаречени “поврзани” услуги што ќе се користат во домовите и урбаниот развој.

Со ова само ќе се зајакне партнерството помеѓу двете компании, коишто на почетокот од годинава најавија дека заеднички ќе прават и батерии за електрични возила, пишува Reuters.

Според Toyota и Panasonic новата компанија треба да започне со работа веќе од следната година. Нејзиниот фокус ќе биде ставен на технологија којашто може да се искористи за персонализирани услуги во домот.

Потегот доаѓа во време кога возила со ниски емисии и услуги за споделување на возењето придонесоа за нови конкуренти во автомобилската индустрија. Тоа ги стави традиционалните произведувачи и нивните добавувачи во позиција каде што мораат да изнајдат алтернативни начини за остварување на приходи.

Фото: Pixabay