Toyota ќе гради град на иднината

85

Jапонската компанија Toyota планира да изгради прототип на град на иднината, во подножјето на планината Фуџи, и ќе функционира како лабораторија за автономни автомобили, паметни куќи, вештачка интелигенција и други технологии, соопштија од компанијата.

Овој план Toyota го откри на саемот за технолошка индустрија CES во Лас Вегас.
Градот ќе биде дом на постојани жители и истражувачи, но компанијата не откри колкава е цената на овој мега проект. Новиот град го носи името Woven City, (Плетен  град) и претставува целосно поврзан екосистем, за чиешто напојување со енергија служат горивни ќелии кои користат водород.

И раководствата на други најголеми производители на автомобили ја разгледуваат идејата како градовите на иднината може да бидат дизајнирани да ја намалуваат емисијата на штетни гасови кои вијаат на климата.

Меѓутоа, планот на Toyota  да изгради заедница на 71 хектар  во близина на планината Фуџи е голем чекор напред во однос на она што го предложуваат конкурентите.

Компанијата очекува во ова градче на почетокот да живеат 2.000 луѓе.

Изградбата на овој град е планирано да започне наредната година, а ќе го дизајнира данскиот архитект Бјарке Ингелс, кој ги проектираше канцелариите на Google во Силиконската долина во САД и Лондон.

Toyota наведе дека е отворена за партнерство со други компании кои сакаат да го искористат овој проект како основа за тестирање на технологии.

Фото: Youtube