Toyota почнува со производство на моделот C-HR во Турција

28

toyota

Toyota Motor Corporation почнува со производство на моделот C-HR во Турција, кој ќе се извезува на глобалниот пазар, а се очекува најголеми пазари да бидат Европа и Северна Америка. Со ова производство, Toyota ќе инвестира 350 милиони евра во Турција и ќе отвори 2.000 нови работни места, пишува Хуријет.

Со новата инвестиција во северозападната провинција Сакарија, вкупната инвестиција на Toyota Otomotiv Sanayi Turkey ќе достигне 1,7 милијарди евра.

Toyota веќе ги произведува моделите Corolla и Verso во оваа земја.