Toyota повлекува еден милион хибридни возила поради ризик од пожар

51

Поради можен ризик од пожар Toyota повлекува повеќе од еден милион хибридни возила, пишува CNN.

Од пазарот ќе бидат повлечени моделите Prius, Prius плаг-ин хибрид и C-HR SUV, а производителот ќе се обиде да го реши проблемот со нивните електрични системи што во одредени случаи можат да предизвикаат пожар.

Повеќе од половината вакви возила се во Јапонија, додека во САД нивната бројка е нешто под 200.000. Останатите се продадени во Европа и друите пазари.

Автомобилите за коишто важи повлекувањето од употреба се произведени помеѓу јуни 2015 и мај 2018 година. Од Toyota изјавија дека извршените поправки ќе бидат бесплатни.

Ова не е прв пат јапонскиот производител на возила да има проблеми со Prius моделите.

Во 2016, Toyota повлече повеќе од 1,7 милиони од истиот модел поради проблеми со воздушните перничиња и паркирните сопирачки.

Фото: Pixabay