Toyota развива летечки автомобил што ќе се движи до 100 километри на час

44

skydrive_img

Фото: Skydrive

Јапонскиот производител на автомобили, Toyota инвестира во проект за развој на летечки автомобил што ќе лета на 10 метри висина и ќе достигне брзина до 100 километри на час. Автомбилот Skydrive е развиен од страна на стартапот Cartivator, каде работат 30 млади волонтери заедно со експертот за беспилотни летала од Токушима Универзитетот, Масафуми Мива.

Нивната цел е да го направат летечкиот автомобил до следната година, а да го комерцијализираат на Олимписките игри во Токио 2020 година за да го запалат олимпискиот факел, пишува Engadget.

Toyota ќе издвои 375.000 долари за развој на летечкиот автомобил во наредните три години.

Со должина од 2,9 метри и ширина од 1,3 метри, Skydrive ќе биде најмалиот летечки автомобил, пишува BBC.