Традиционална манифестација Вино и сирење 2014

44

Традиционалната манифестација Вино и сирење 2014 ќе се одржи вечерва во Сити хол во Скопје.

Организатор на манифестацијата е Меѓународното здружение на жени (IWA) кое постои повеќе од една деценија и покрај својата примарна функција да биде форум за дружење на жените странци во Македонија и да обезбедува важни информации за животот во Скопје, им помага на ранливите групи мајки и деца со своите добротворни проекти. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со работата на ова здружение, како и другите две здруженија на граѓани со кои ќе ги подели средствата од добротворниот фонд кои ќе бидат собрани од продажба на влезници, карти за лотарија и тивката аукција.

Добитници на тој фонд оваа година се Меѓународното здружение на жени – IWA, Здружението на граѓани Позитиво и Центарот за Даунов синдром.

Пред присутните своите вина ќе ги презентираат македонските винарии и дестилерии Алхемист, Бовин, Камник, Картал, Попов, Попова Кула, Сковин, Стоби и Трајковски) и производителите на сирење Млекара Галичник, Монтенегро-Маестро и седум здружени фарми/бачила од Штип, Пехчево, Македонски брод и Петралица. За музичкиот и танцовиот дел одговорни ќе бидат Ѓезме од Куманово и танцовиот клуб Денс.