Традиционални јадења од БиХ како магнети на фрижидер

72

kebap

Da Valja е оригинален бренд од Босна и Херцеговина што произведува автентични и рачно изработени магнети. Саша Марловиќ од Сараево дошол до идеја рачно да изработува магнети со мотиви од традиционални јадења и да им овозможи на туристите оригинален и автентичен сувенир од БиХ.

“Процесот на изработка е игра и релаксација, бидејќи навистина е интересно да се прават мали ќебапи, сомуни, баклави, раженчиња и други вкусни јадења. Идејата се појави пред две години кога туристи бараа нешто наше домашно, а јас не знаев што да им сугерирам. Истражувајќи, сакав да претставам каков народ сме. Ние сме гостопримлив народ сакаме да јадеме убаво, а и другите да ги нагостиме. Затоа и на храната ѝ дадов посебен потпис“, вели Марловиќ.

pita

Ќебапи, сомуни, баклави и останати деликатеси се изработуваат од глина и други материјали. Уникатните магнети се тродимензионален приказ на традиционални јадења од БиХ коишто се популарни меѓу Балканците и хедонистите ширум светот, пишува Акта.

Марловиќ вели дека сакал да направи нешто пристапно, убаво и оригинално. Целиот процес на изработка не е автоматски или механички, туку секој магнет треба да помине низ нечии раце: да се наслика, излакира, залепи…

baklava

Фото: Facebook