Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека семејствата ќе можат да купат побезбедни, поповолни и еколошки прифатливи автомобили со помош на новото правило за Безбедни возила.
Претседателот на САД им порача на граѓаните преку Twitter да се ослободат од старите и небезбедни возила, да прават подобри и побезбедни американски автомобили и да создаваат американски работни места.
Тоа правило предвидувало дека вкупната емисија на издувни гасови на ниво на производител се намалува за 5% годишно до 2025 година, а според новото правило, намалувањето на емисиите на ниво на една компанија сега ќе биде 1,5 % до 2026 година.
“Мојот предлог би ја намалил просечната цена на автомобилите за потрошувачите за повеќе од 3.500 долари, а во истовреме ќе ги направи автомобилите значително побезбедни. Моторите би работеле потивко, а тука е и позитивното влијание врз животната средина“, напиша претседателот на САД.
Фото:P ixabay