
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја разгледува можноста за повлекување на три милијарди долари федерални грантови од Универзитетот Харвард и пренасочување на тие средства кон стручните училишта низ САД, наведувајќи дека престижниот универзитет треба да „плати цена“ за, како што тврди, одбивањето да се усогласи со националните интереси.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social изјави дека е време „да се преиспита кому му одат парите“ и дека „на пазарот на трудот му се потребни конкретни вештини, а не идеолошки центри“.
Соопштението доаѓа само неколку дена откако обидот на администрацијата на Трамп да му забрани на Харвард да запишува странски студенти беше привремено блокиран од федерален суд, објави Ројтерс.











