Трамп се обидува да го преземе New York Times?

27

Donald TrumpАмериканскиот бизнисмен Доналд Трамп наводно се обидува да го презеде New York Times, пишува New York Magazine.

Според извори на магазинот, Трамп имал неколку сериозни деловни средби на кои се расправало за можно преземање на медиумската група New York Times.

Повеќето американски медиуми превземањето на оваа групација од страна на Трамп го прогласија за малку веројатно. Според Business Insider, тајмингот на Трамп е многу лош. По тешкиот период пред неколку години, оваа компанија сега оди кон подобро, а шансите сопствениците на групацијата, фамилијата Шулцберг, да му ја продадат на Трамп се еднакви на нула.

Вредноста на NYT групата на Њујоршката берза изнесува 1,3 милијарди долари.