Трамп со години не плаќа данок

64

Американскиот претседател Доналд Трамп не платил данок на доход во последните 10 од 15 години, почнувајќи од 2000-та година, бидејќи пријавил дека повеќе загубил одошто заработил, пишува New York Times.

И во годината кога го освои претседателскиот мандат и во првата година помината во Белата куќа, Трамп платил само 750 долари сојузен данок на доход.

Весникот ги опишува големите загуби на Трамп, кој со години избегнувал да плаќа данок. За да плати што е можно понизок данок, тој ги искористил олеснувањата на лични трошоци, па на пример, 70.000 долари потрошил на фризури, приватни авиони и сместување. И покрај тоа што во 2018 година заработил најмалку 434,9 милиони долари, Трамп во својата даночна пријава прикажал загуба од 47,4 милиони долари.

Тој со години се борел против Даночната управа на САД околу тоа дали загубите што ги пријавувал требало да резултираат со поврат на данок од скоро 73 милиони долари.

Фото: Facebook