Трамп: Требаше да го укинам Facebook, ама Цукерберг постојано ми се умилкуваше

185

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп изјави дека требало да го забрани Facebook додека бил претседател, но дека директорот на компанијата, Марк Цукерберг постојано му се јавувал, доаѓал на вечера во Белата куќа и во таа прилика му кажувал колку е величествен.

Профилите на Трамп на Twitter и Facebook се забранети и тоа на Twitter засекогаш, а на Facebook за најмалку две години.

Трамп ја пофалил нигериската влада поради забраната за работа на Twitter во Нигерија откако профилот на претседателот на земјата, Мохамед Бухари, бил избришан поради “кршење на правилата“, пренесува ВВС.

Во исто време, Трамп апелирал до граѓаните да ги избришат профилите на Facebook и Twitter бидејќи не им се дозволува “слободен и отворен говор“ и на кои него лично му е забранет пристап по нередите во јануари, поради обвинение дека неговите објави поттикнувале насилство.

Фото: Facebook