Трамп вети дека ќе ги зголеми царините за 200% или 500% за да ја заштити американската автомобилска индустрија

123

Во разговор со Марија Бартиромо, водител на Sunday Futures на Fox News, Доналд Трамп го брани својот економски план за значително зголемување на царините.
Планот доби многу критики, вклучувајќи го и конзервативниот Wall Street Journal (WSJ) кој објави дека идејата на Трамп да ги зголеми тарифите – за 200% – може да има сериозни негативни ефекти.

Кога Бартиромо го праша за извештајот на WSJ, Трамп рече дека тарифите ќе го вратат производството на автомобили во САД и ќе ги „заштитат“ американските производители на автомобили.

„Ќе ставам 200 или 500%, не ми е гајле, сè додека не можат да продадат еден автомобил овде. Не сакам да им наштетат на нашите автомобилски компании“, рече Трамп.

„Нема да им дозволиме да продаваат автомобили од нова убава фабрика, во сопственост на Кина, која е во Мексико… и да ги уништат автомобилските компании што ни останаа“, рече Трамп.

„Имаме пазар на злато. Имаме пари. Ако продолжиме да работиме како во последните три до четири години, ќе го изгубиме сето тоа“, заклучи Трамп.