Фото: Travistranslator.com
Travis е паметен џебен гласовен преведувач што користи вештачка интелигенција, преку којшто може да се преведат над 80 јазици.
Овој уред препознава говорни пораки во реално време, а колку почесто се користи, толку се подобруваат и неговите перформанси. Може да се поврзе преку Интернет, но може да функционира и доколку нема мрежа.
“Апликациите се одлични, голем дел од нив вршат добра работа, но доколку ги користите преку вашиот телефон, ќе се соочите со потешкотии како што се празна батерија или брзина. Travis е уред што ја поддржува комуникацијата лице в лице“, велат од тимот на Travis the translator.
Овој проект на холандскиот старт – ап Travis Translator беше претставен на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo, каде што побараа поддршка од 80.000 долари, а добија 179.009 долари од 1.249 поддржувачи.