Тренд на иселување на жители од Балканот

73

Во земјите од Балканот се забележува тренд на иселување, а најголем пад на бројот на жители е забележан во Црна Гора – скоро пет иселени на 1.000 жители, анализира Al Jazeera Balkans.

Единствено, Македонија и Словенија се земји во коишто се забележува позитивно миграциско салдо (разлика меѓу бројот на доселени и бројот на отселени лица, па така ако бројот на доселени е поголем од бројот на отселение, станува збор за позитивно миграциско салдо и обратно). Кај нашата земја тоа е 0,7, а во Словенија е еден.

Највисоко позитивно миграциско салдо се забележува во: Луксембург (14,8), Кипар (8,3) и Малта (7,8).

Кај Србија резултатот е 0, што значи нема ниту пад, ниту раст на бројот на жители, додека повеќе отселување има во Бугарија (-0,3), Босна и Херцеговина (-0,4), Хратска (-1,4).

Во црвената зона, според интерактивната мапа, поголем одлив од прилив на население има во: Косово (-2,6), Албанија (-3,3), Турција (-4,5), Црна Гора (-4,9).

Најголема разлика меѓу отселени и доселени има во Молдавија, каде има скоро 10 отселени на 1.000 жители.

Фото: Pixabay