Трендот продолжува: Девизните резерви во август скокнаа за 90,2 милиони евра и надминаа 5,1 милијарда

Народна банка ги објави најновите бројки: Раст на девизните резерви втор месец по ред

Според најновите податоци што ги објави Народната банка, на крајот на август 2026 година официјалните девизни резерви изнесуваат 5.101 милион евра (над 5,1 милијарда евра). Ова претставува дополнително месечно зголемување за 90,2 милиони евра, што е уште подобар резултат во споредба со јули, кога девизните резерви пораснаа за 74,4 милиони евра и изнесуваа 5.011 милиони евра.

Податоците на монетарната власт ја покажуваат и структурата на средствата со кои се гарантира финансиската и валутната стабилност на земјата:

  • Хартии од вредност: 69,4% (најголем дел од девизните резерви)

  • Монетарно злато: 17,2%

  • Валути и депозити: 13,4%

 

На крајот на август 2026 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 5.101 милион евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 90,2 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (69,4%), по што следуваат монетарното злато (17,2%) и валутите и депозитите (13,4%).