Трет ден не работи Московската берза – Путин забрани изнесување повеќе од 10.000 долари од земјата

139

Московската берза е затворена трет ден по ред, соопшти Руската централна банка.

Берзата воопшто не се отвори оваа недела откако Западот воведе строги санкции, што доведе до рекордно ниски нивоа на руската рубља и остар скок на каматните стапки.

Сепак, руската централна банка објави дека оваа недела за прв пат ќе дозволи ограничен број трансакции.

„Работното време на Московската берза на 3 март  ќе биде објавено на официјалната веб-страница на Банката на Русија до 9 часот по московско време “, се вели во соопштението.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша потпиша указ „за дополнителни привремени економски мерки за обезбедување финансиска стабилност на Русија“, со кој се забранува извоз на девизи од Русија во износ од над 10.000 американски долари, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Од 2 март 2022 година, се забранува извоз на готовина во странска валута и (или) монетарни инструменти во странска валута во износ поголем од 10.000 американски долари пресметан по официјалниот курс на Централната банка на Русија, утврден на денот на издавањето“ се вели во соопштението.