Магазинот InStore, кој веќе шест години континуирано информира и едуцира во рамките на FMCG-секторот во Македонија и во регионот, годинава по трет пат ќе го организира FMCG Summit Скопје 2017. Настанот ќе се одржи на 11 мај, во хотелот Александар Палас.
Оваа година фокусот е на актуелни теми како: Инспирација; Од менаџирање до персонализирање: category management и shopper marketing; Потрошувачот – оска на ротација на FMCG-секторот; Дефиниција за продажна стратегија: како да ја зголемите продажбата? Ќе има и Тркалезна маса на тема Сега и тука – најголемите предизвици на FMCG-секторот.
Гости говорници на третиот FMCG Summit ќе бидат Зенел Батагељ – Valicon, Силвија Брајовиќ – Imperial Tobacco TKS, Гордана Кадоиќ – Adria corporate education, Филип Лунески – Molson Coors, Дарко Васелиќ – Johnson&Johnson, Драган Војводиќ – Sandler Training, Елена М. Јеленковиќ – Тиквеш, Олгица Кржева – DS Smith, Игор Михаиловиќ – Bambi, Маријана А. Молнар – GfK Србија, Муарем Муртезани – Алма М.
Целта на FMCG (Fast – moving consumer goods) самитот или Самит за трговија со стоки за широка потрошувачка е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти.