Трет месец по ред пад на малопродажбата во САД

44

Малопродажбата во САД трет месец по ред бележи пад, а епидемиолошките мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19 негативно влијаат врз американската економија.

Според американското Министерство за економија, малопродажбата во декември 2020 година забележала пад од 0,7% во споредба со истиот месец во 2019 година. Малопродажбата беше намалена и во октомври и во ноември минатата година.

Традиционалниот пораст во малопродажбата во периодот на празници не се случи, а големите трговски синџири, потврдија дека продажбата не била на вообичаеното ниво.

Фото: Freepik