Третата светска економија полека се лизга во рецесија

120

Третата по големина економија во светот, Јапонија, најверојатно ќе влезе во рецесија во 2023 година, изјави за CNBC истражувачката компанија Capital Economics.

Предупредувањето доаѓа откако инфлацијата во земјата го достигна највисокото ниво во повеќе од четири децении во октомври, поттикната од слабиот јен и притисокот на увозните трошоци.

Според Марсело Тилијанто, висок јапонски економист во консултантската куќа, рецесијата ќе биде „главно поттикната од падот на извозот, а исто така и од претпазливоста, што обично го гледате кога извозот ќе почне да опаѓа“.

Јапонија неодамна објави трговски дефицит поголем од очекуваниот од 15 милијарди долари за месец октомври. Статистиката покажува дека извозот пораснал за 25,3%, што е побавно од растот од 28,9% – забележан на годишно ниво во септември.

Во меѓувреме, увозот се зголеми за 53,5% на годишно ниво во октомври, што е зголемување од претходниот месец од 45% на годишно ниво.