Trevolta – платформа за групно финансирање на патувања

62

trevolta

Платформите за групно финансирање стануваат одличен начин да се дојде до потребните пари за да се реализира одредена идеја. Една од нив е платформата Trevolta, којашто служи за групно финансирање на патувањето.

“Trevolta е дизајнирана да им помогне на луѓето да посетат различни места, да создадат спомени, да ги инспирира луѓето и да го промени светот“, стои на официјалната страница на оваа платформа.

trevolta crowd

Заинтересираните би можеле да активираат групно финансирање за своето патување. Штом се користи т.н. crowdfunding, Trevolta наплаќа по 6% и дополнителни трошоци за обработка од секој поединечен износ што ќе биде инвестиран.

Корисникот мора да има Pay Pal сметка на којашто ќе се уплатуваат средствата.

Платформата нуди и можност за рефундирање на средствата во случај да не се собере потребниот износ за патувањето.

trevolta blog

Сите корисниците на оваа платформа може меѓусебно да си разменуваат искуства за одредени дестинации. Корисникот може да направи сопствен блог на којшто ќе поставува фотографии, мислења и совети за патувањата.

Trevolta им нуди можност и на младите брачни двојки да соберат доволно средства за организирање на медениот месец.