
Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска по објавите дека трезорот се затвара на 15-ти месецов поради немање прилив и дека ќе бидат стопирани сите исплати.
– Не сме го заклучиле Трезорот. Ова прашање го следам деновиве и излезе од контрола. Трезорот работи. Друго е рокот што сме им го дале на институциите да ги достават налозите до трезорските канцеларии. Тоа значи секоја институција да ги достави налозите до 15-ти за да може да се организираме и да се следи исплатата со 31 декември, истакна Димитриеска – Кочоска.
Таа напомена дека има упатство според кое, налозите во Трезорот стојат по 15 дена заради дополнителните проверки, а исто така има и даночен календар според кој има одредени денови од месецот кога се собираат даноците и нема логика да се затвара Трезорот ако даноците се собираат до 25-ти во месецот.Нема блокада на исплатите
Појасни дека налозите ќе се примаат до 15-ти во месецов што не значи дека ако некој задоцни, дека нема да биде примен налогот.











