Тргна карaванот Награди за насмевки на Жито Маркети

93

1z

Караванот Награди за насмевки на Жито Маркети ја започна својата планирана обиколка низ Жито маркетите во скоро сите општини во Македонија. Почнувајќи од Велес, во маркетот Жито Ване, караванот на своите потрошувачи и на сите гости им приреди забава исполнета со многу изненадувања, попусти и со вредни подароци.

3z

Дружењето се одвиваше за време на викендот во сабота, започнувајќи во 10.00 часот и траеше до попладневните часови, кога беа достапни голем број производи по неверојатни ниски цени, но исто така и дегустации, изненадувања и подароци. Присутните купувачи, покрај дегустација на новите промотивни производи и изненадувањата со подароци, имаа можност да го завртат и тркалото на среќата и добија интересни подароци. Посебна програма имаше за најмладите, кои уживаа во музиката, се фотографираа во рамките од омилените цртани ликови и цртаа маски на лицата со природни бои.

2z

Жито Маркети со караванот Награди за насмевки ја исполни задачата во Велес, по што ќе продолжи понатаму и во другите општина. После празничниот викенд, карванот ќе биде присутен во Валандово, каде ќе овозможи забава и изненадувања за сите Жито потрошувачи.