Тргнати ознаките од рестораните McDonalds

19

945847_10151638746735677_1319857163_nОзнаките на брендот McDonalds денес беа симнати од нивните објекти во Македонија, а носителот на франшизата, компанијата СЈ најави дека сите вработени ќе останат згрижени и дека проблемот со раскинувањето на договорот се очекува да биде надминат за три до четири месеци.

Се обидуваме низ институциите на системот да ги разрешиме проблемите. Разрешувајќи ги проблемите, не би сакал вработените да страдаат заради одлуката на некој поединец. Верувам дека за кратко време ова ќе се разреши и ќе се продолжи со работа”, изјави мнозинскиот акционер на компанијата СЈ и сопственик на франшизата, Светозар Јаневски.

Според него договорот е еднострано прекинат, а причините се ирелевантни.

Ние се уште имаме договор и тој трае 20 години. Бараме почитување на законите и правата. Се обидуваме во системот тоа да го докажеме”, рече Јаневски.

Рестораните McDonalds беа затворени на 14-ти мај по прекинувањето на 15-годишниот договор за франшиза.

Компанијата СЈ ја има франшизата на McDonalds од 1997 година кога беше отворен првиот ресторан. Со отворањето на рестораните се обезбеди вработување на повеќе од 200 лица.

Набрзо по затворањето компанијата информираше дека McDonalds франшизата во Македонија, инвестирала шест милиони евра во воспоставувањето на брендот и развојот на бизнисот, со цел задоволување на потребите на потрошувачите.