Во јануари годинава од Македонија извезени се производи во вкупната вредност 305.638.000 американски долари, а увезена е стока со вредност од 497.227.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5%, а трговскиот дефицит изнесува 191.589.000 долари.
Во однос на извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.
Во увозот, пак, најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Најголем дел од македонскит извоз во јануари отпаѓа на земјите-членки на ЕУ 27 (70,4%) и на земјите од Западен Балкан (19,0%). И во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (51,9%), како и Заедницата на независни држави (13,7%).
Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Бугарија и Србија (49% од вкупната надворешно-трговска размена).