Најголемата онлајн “продавница“, Amazon преговара со најголемите сопственици на трговски центри во САД, за да можат објектите да се трансформираат во магацини, пренесува Wall Street Journal.
Тоа би можело да се случи со Sears и J.C Penny, коишто поради пандемијата беа принудени да затворат голем дел од своите објекти.
Amazon би имал голема корист од ваквите објекти, бидејќи нема да мора да инвестира во нов простор, а истиот е на соодветна локација во градовите, што значително ќе ги намали трошоците и времето за испорака на порачките.
Оваа пракса веќе е востановена во Amazon, бидејќи имаат преземено стари трговски центри што се веќе пропаднати.
Фото: Freepik