Трговски центри во Словенија вишокот храна ја даваат на сиромашните

59

slovenijaТри трговски центри во Словенија ја прифатија иницијативата храната која поради стогите санитарни прописи треба да заврши како отпадок, но се уште може да се конзумира, да се намени за бездомници и сиромашни фамилии.

На иницијативата на Lyons клубот од Цеље и се придружија трговските ланци Меркатор, Туш и Шпар, кои секој ден ја предаваат храната на активисти која понатаму се дели во Цеље, Марибор и Трбовље. Наскоро оваа акција ќе се прошири и на Копер, Љубљана, Ново Место и Крањ, пишува Дело.

Се работи за храна на која и истекува рокот тој ден, како што се леб, печено месо, салати, овошје и зеленчук, сендвичи, млеко и млечни производи, а се доставува во азили за бездомници, безбедни куќи и други хуманитарни установи, како и кај сиромашните фамилии со повеќе деца.