
Трговскиот дефицит на Израел во декември минатата година изнесуваше 4,29 милијарди долари, што е значително зголемување во однос на дефицитот од 2,46 милијарди долари во истиот месец во 2023 година, објави Централното биро за статистика на земјата (CBS).
Израелскиот увоз се зголеми за 25,8 отсто на 9,55 милијарди долари, главно благодарение на зголемувањето на купувањето на стоки за широка потрошувачка за 41,5 отсто, суровини за 33 отсто и инвестициски стоки за 32,5 отсто.
Извозот порасна со значително побавно темпо, за 2,4 отсто на 5,25 милијарди долари, пред сè поради повисокиот извоз на производи во секторот земјоделство, шумарство и рибарство, кој скокна за 14,7 отсто, се наведува на веб-страницата CBS.











