Трговскиот дефицит за девет месеци достигна 1,2 милијарди евра

20

evra-naredeni-pixabay

Фото: Pixabay

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември оваа година, достигна вредност од 1.281.774.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 3.669.603.000 евра и бележи пораст од 15,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.951.376.000 евра, што е за 11,2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 74,1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, обработувани не повеќе од топло-валаните со ширина од 600мм или повеќе, намотани.

Во периодот јануари-септември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.