Трговскиот ланец Pepco влегува во Хрватска

114

pepco

Малопродажниот дисконтен ланец Pepco, на почетокот на следната година влегува во Хрватска. Во текот на првата година планира да отвори 20 продавници, а за три години, планот е во оваа земја да имаат 50 продажни места, пишува Јутарњи лист.

Pepco е дел од јужноафриканскиот инвестициски холдинг Perkor. Седиштето е во Познан, Полска, каде што е отворена првата продавница во 2004 година.

Ланецот нуди облека и производи за домаќинство по ниски цени, а освен во Полска, присутен е и во Чешка, Унгарија, Словачка и Романија. Во октомври ќе го прослави отворањето на 1.000-тата продавница во Европа.