Државниот завод за статистика информира дека прометот во трговијата на мало, во 2013 година, реално бележи пораст во групата Непрехранбени производи, освен горива, а опаѓање во групите/класите: Храна, пијалаци и тутун, Трговија на мало, освен горива и Трговија на мало со моторни горива.
Индикаторите за прометот во трговијата го мерат прометот во трговија на големо и трговијата на мало и тоа во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени) индекси, а не во апсолутни износи.
Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.
Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2010 година (базна година) и во споредба со ист месец од претходната година. Пресметаните индекси не се прилагодени (сезонски, календарски и по работни денови).