Три бизнис лекции од големите мајстори

44

franklin

Фото: Wikipedia

Не е тајна дека претприемачите сакаат да постигнат успех креирајќи си сопствени патишта и системи. Неколку од денешните претприемачи може да се гледаат како пионери кои се разделуваат од нормите. Ако ви се чини дека извршувате нешто неконвенционално, нема ништо лошо да одите по тој пат.

Сите сме слушнале за големите достигнувања, остварени од историските икони. Овие мајстори поминале преку ригорозни стажирања, креирале свој системи и самите се издигнале над полето во дадената област.

Споменатите цитати подолу се од историски личности, мајстори, проследени со совети како да ги примените во вашите лични начини на размислување и вложување.

Лекција бр. 1: Бидете љубопитни и секогаш прашувајте

„Не мислете зошто се прашувате, едноставно не престанувајте да поставувате прашања. Не се грижете ако не го знаете одговорот и не се обидувајте да објасните зошто не знаете. Љубопитноста е причина сама по себе. Обидете се да разберете секој ден по малку“, Алберт Ајнштајн.

Луѓето со кои се опкружуваме секогаш ќе имаат сопствени интереси. Ќе ги проектираат сопствените мисли на вас за да постигнат успех. Од време на време несвесно ќе ве туркаат во насока во која не сакате да одите. Од клучно значење е да го слушнете најважниот глас од сите, а тоа е внатрешниот глас. Без разлика колку години имате и колку зрели мислите дека сте, од големо значење е да го слушнете гласот на детската љубопитност во вас. Ако не ја следите внатрешната љубопитност, како ќе ја поттикнете креативноста, иновативноста и идеите во животот?

Лекција бр. 2: Владеј со себе

„Човекот не може да има поголемо мајсторство од владеењето со себеси“, Леонардо Да Винчи.

Во денешно време постои прекумерно одвлекување на вниманието, со цел да се пренасочи внимението од превземање на акција или од постигнување на успех. Сите користат социјални медиуми, се забавуваат, имаат фамилија и пријатели. Не се сите лоши, но мора да ја задржите контролата над себеси во најпродуктивното време. Времето е највредниот ресурс што го имате и не треба да го трошите попусто на нештата што ви го одвлекуваат вниманието. Ако станете мајстори на самодисциплината, со текот на времето ќе станете и сведоци на денови и живот исполнет со цел и вредност.

Лекција бр. 3: Вистинската вредност е во школувањето

„Кажи ми нешто и ќе го заборавам. Научи ме нешто и ќе запаметам. Инволвирај ме во процесот и ќе научам“, Бенџамин Френклин.

За претприемачите од сегашноста до иднината се наоѓа процес што треба сите да го поминат за да соберат знаење за нивната професија. Глупаво е да се мисли дека овој процес може да биде прескокнат, манипулиран или измамен. Тоа е местото каде што се добива најмногу непроценливо знаење. Вие како претприемач никогаш не смеете да запрете со учење, внатрешно растење и треба да продолжите да бидете автентични, без разлика колку успешни ќе станете.