Три германски произведувачи на шеќер казнети со 280 милиони евра

45

sugarsГерманската канцеларија за борба против картели ги казни трите најголеми произведувачи на шеќер со 280 милиони евра поради местење на цените. Најголемиот произведувач на шеќер во Германија, Suedzucker, е казнет со 195,5 милиони евра, а покрај него казнети се и Pfeifer & Langen и Nordzucker.

Казните се однесуваат на антиконкурентско однесување, вклучувајќи ги шеќерот за индустриска преработка и за домаќинство.

Претседателот на Канцеларијата, Андреас Мундт, наведува дека компаниите основале регионален картел и со години се договарале продажбата да ја ограничат на сопствените матични области. Шеќерот се извезувал во странство и не се продавал во региони каде продавала конкуренцијата.

Картелот постоел од средината на деведесетите до 2009 година, а договорот бил постигнат со цел цените на шеќерот да останат високи.