Три компании кои профитираат од сипаници: На една вредноста и скокна за 40 отсто

29

Додека многу компании, и производствени и технолошки, опаѓаат на берзите ширум светот, појавата на мајмунски сипаници значително ја зголеми вредноста на биотехнолошките. Но, не сите, туку оние кои се занимаваат со оваа и сродните болести.

На пример, вредноста на акциите на Siga се зголеми за 40 отсто, Emergent Biosolutions за 12 отсто, Tonix Pharmaceuticals за 15 отсто итн. Сите тие имаат едно нешто заедничко, а тоа е дека се производители на терапијата за сипаници, која може да се користи и за лекување на мајмунски сипаници.

Мајмунските сипаници се предизвикани од вирус кој припаѓа на истата фамилија на вируси како и големите сипаници. Затоа, според научниците, оние кои ја примиле вакцината против Вариола вера се во голема мера безбедни од овој вид сипаници.