Три лекции од Стив Џобс за претприемништво

285

Многумина велат дека успешен претприемач не се станува, туку се раѓа. Во светот на бизнисот, еден од симболите на успехот е токму Стив Џобс, човек кој создаде своја филозофија.

Авторот Гај Кавасаки, инспириран од Џобс, со кого имаше можност да соработува и чија кариера ја следеше до крајот, издвојува три лекции од Џобс кои може да помогнат да изградите успешна приказна.

Не можете да им кажете на луѓето што ќе им се допадне

Луѓето можат да ви кажат што им се допаѓа, а тоа обично се однесува на нешто што веќе постои, само е подобро, побрзо и поевтино. На пример, во текот на осумдесеттите години, клиентите на Apple сакаа подобри, побрзи и поевтини компјутери на Apple .

Дизајнот е важен

Само функционалноста веќе не е доволна; сега вашиот производ или услуга мора да ја заврши својата работа на елегантен и задоволителен начин.

Вредноста не е исто што и цената

Цената е број отпечатен на хартија. Вредноста ги претставува вкупните трошоци и профит што ги носи еден производ. Не фокусирајте се на цената, туку на обезбедување и прикажување вредност.