Три листи коишто ќе ви помогнат во започнување на сопствен бизнис

174

За сите оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис, првиот и најважниот дел од процесот е да одлучат со каква деловна активност сакаат да се занимаваат. Центар за развој на претприемништво состави серија совети за сите што се соочуваат со ваква дилема.

Првиот чекор е да направите листа. И не една туку три.

Првата е листа на активности во кои уживате. Може да биде разговор со луѓе, пишување, снимање, помагање на други. Дали сакате да работите на отворено или во затворено? Дали уживате во уредувањето документација или претпочитате да правите нешто со свои раце (шиење, поправка, готвење …)? Целта на оваа листа е да го дефинира видот на активност во која уживате.

Втората е листа на интереси што ги имате. Дали сакате цвеќе, животни, скијање, фотографија. Дали имате некое хоби што ве исполнува?

Запишете ги вештините и знаењето што ги имате на третата листа. Не треба сите вештини и знаења да бидат совршено совладани, запишете ги знаењата или вештините за кои малку знаете, но имате желба да ги совладате и да ги усовршите. Ако сте страстен говорник или добар слушател, ако сте внимателни или многу трпеливи, ставете го и тоа на листата.

Кога ќе се пополнат сите трилисти, од центарот  советуваат да започнат да се комбинираат работите од сите три списоци.

На пример: Јас навистина уживам да учам луѓе, моето хоби е плетење и знам да правам убави фотографии. Потоа, размислете како можете да ја претворите оваа комбинација во деловна идеја. На пример. Би можело да направам курс за плетење, убаво да ги фотографирам моите производи за да можат да се продаваат преку интернет – е еден од советите.

Нема потреба да се комбинираат сите три категории, доволно е да се комбинираат од две, но важно е да се произведат што повеќе бизнис идеи.

Фото: Pixabay