Три месеци Cammeo во Скопје и веќе бележи рекорди

278

Преку 100.000 превезени задоволни патници и 20% попуст за сите возења нарачани преку повик или апликација

Поминаа цели три месеци откако Cammeo го започна своето работење во Скопје. За овој регионален лидер во обезбедувањето на такси услуги, Македонија е петтата земја во која го започна своето функционирање и во која успешно работи и бележи рекорди. Во текот на првите 3 месеци превезени се над 100.000 патници и регистрирани се над 30.000 корисници на Cammeo Апликацијата, а на скопските улици се повеќе може да се видат и забележат сега веќе препознатливите, еколошки и нови жолто-бели такси возила со зелени Cammeo такси табли.

И покрај предизвикувачките времиња како резултат на коронавирус пандемијата, Cammeo не се откажа од инвестицијата вредна 2 милиони евра и создаде 100 нови работни места, а во план е да се отворат уште најмалку толку. Моменталната здравствена состојба го стави во фокус здравјето пред сè, а Cammeo подеднакво брзо и добро се прилагоди на ново настанатите околности.

Во оваа насока, во согласност со епидемиолошките мерки, Cammeo во целост се грижи за здравјето на своите патници и возачи, така што, сите нивни возила имаат заштитни прегради кои го одделуваат возачкиот од патничкиот простор во возилата, а сите возачи задолжително носат заштитни маски. Возилата на Cammeo се чистат и дезинфицираат секојдневно, затоа што, здравјето е основен приоритет во моментов за нив.

Cammeo такси, за многу кратко време успеа да се позиционира во врвот на такси дејноста во Скопје, при што уште од самиот старт наметна европски стандарди и највисок квалитет на такси услуга, заради што, доби многу задоволни патници и многу пофалби и честитки од корисниците, што е јасен сигнал дека работи добро, но и мотив неговите вработени да се трудат секој ден да бидат уште подобри.

Cammeo воведе многу новитети во такси дејноста во Скопје, при што, Cammeo Такси е:

  • првото и единствено “зелено‘‘ – еколошко такси на улиците на Скопје чии возила придонесуваат како во подобрување на квалитетот на воздухот, така и во квалитетот на животот во градот генерално.
  • првата ISO сертифицирана такси компанија со ISO 9001 сертификат за систем за управување со квалитет, како и со ISO 14001 сертификат за систем за заштита на животна средина
  • првата такси компанија во која плаќањето на услугата може да се направи преку платежни картички
  • првата такси компанија во која е одвоен патничкиот од возачкиот дел со прегради и каде здравјето и безбедноста на патниците и возачите е приоритет
  • првата такси компанија во која нарачката на возење, покрај веќе постоечкото стандардно нарачување преку повик, може да се направи и преку апликација за iOS и Android

Со сите наведени бројни придобивки, со Cammeo такси возењето може да Ви биде уште попријатно, при што Cammeo ги вози граѓаните на Скопје по најповолни цени во градот со 20% попуст за нарачки преку повик или апликација, како и по најевтини цени за трансфери од и до Аеродром Скопје и до другите градови и дестинации во Македонија, но и надвор од нејзините граници.