Три најголеми извори на стрес на работното место

24

stres-pixabay

Фото: Pixabay

Во животот потребено е да имате што помалку стрес, затоа што во спротивно никогаш ништо нема да ги постигнете целите.

Поставените рокови не се удобно спознание, ама помагаат вработените да се држат до плановите. Но, секој стрес не е позитивен. Предолгата изложеност на стрес може да го наруши вашето ментално здравје и да влијае на продуктивноста и способноста за извршување на обврските.

Еве три ситуации на работното место што најчесто доведуваат до стрес и совети како тие да се решат:

Не располагате со потребните ресурси за извршување на некоја задача

Според една дефиниција на Ричар С. Лазарус, стрес е состојба и чувство што го преживуваат луѓето кога барањата ги надминуваат личните и социјалните ресурси со кои располага индивидуата.

Една реченица која го илустрира проблемот обично звучи вака “Јас немам доволно време да ја завршам целата оваа работа”.

За да го решите проблемот, прво ќе мора да го препознаете, а потоа и да поставите приоритети. Меѓутоа, ако не можете да одлучите што има приоритет, а што не, сите обврски ќе ви се чинат итни, а потоа ќе бидете под стрес затоа што не сте стигнале сите да ги завршите.

Ако не сте во можност сами да распознаете што е приоритетна задача, а што не е, прашајте ги надредените. Објаснете им дека количината на задачи пред вас е нереална, но прво преиспитајте се како го трошите времето на работното место.

Немате контрола над ситуацијата

Вашиот шеф еден ден е љубезен и внимателен, а другиот ден непредвидлив и нерасположен. Вие сте заглавени во огромна колона од автомобили и нема шанса да стигнете на состанок со многу важен клиент. За да бидат работите уште полоши, вие ништо не можете да направите за да го промените тоа. Ваквата состојба, неминовно е стресна. Најлошото нешто што можете го да направите е да паднете во менталитет на жртва и очај.

Во вакви ситуации, најдобро е да размислувате за она што можете да го контролирате. На пример, можете да ги контролирате вашите мисли и да заклучите дека однесувањето на вашиот шеф не е ваш проблем, туку негов проблем. Исто така, можете да го запрете автомобилот, да им се јавите на колегите и да ги упатите како да го одржат состанокот. Исто така, можете да му се јавите и на клиентот и да му ја објасните ситуацијата.

Немате избор

Многу често луѓето велат дека немаат избор и дека не можат да променат ништо, дека се заробени и не можат да дадат отказ. Најдобриот одбранбен механизам во таквите ситуации е да сфатите дека всушност имате избор. Ако ја мразите вашата работа, можете да дадете отказ. Се разбира дека тоа сноси одредени последици, ама избор сепак постои. Затоа, наместо да очајувате дека “немате избор“, станете свесни за фактот дека останувате на работа што ја мразите само затоа што е помалку болна опција од едноставното давање на отказ. Во таквата ситуација останувањето на работа е ваш избор, а не ситуација во којашто се наоѓате заради недостаток на избор.