Три непријатни работи со кои треба да се соочат претприемачите

13

susha

Фото: Pixabay

Постојат предизвици со коишто секој претприемач треба да се соочи.

Покрај тоа што претприемништвото подразбира многу напорна работа, донесување на одлуки и одговорности, постојат предизвици со коишто секој претприемач траба да знае да се справи.

Да се биде претприемач може да биде исклучително искуство, ама само ако можете да ги надминете овие три препреки:

1. Промена на расположение

Водење на компанија е како возење на тобоган – еден ден сте на врвот, а другиот ден се спуштате долу во големиот базен. Колку и да се трудат да ја одделат работата од приватниот живот, кај претприемачите тоа е скоро невозможно. Живеете и дишите заедно со компанијата и земајќи предвид дека таа ви е како дете, интензивно ќе го доживувате и позитивното и негативното.

2. Ќе се грижите за банкарската сметка 24 часа на ден

Како основач на компанијата, одговорни сте за секој денар што е вложен. Затоа може да ви се случува по неколку пати дневно да ја контролирате банкарската сметка на компанијата и секој потрошен денар да го доживувате како да ви се “празни резервоарот“. Претприемачката работа е многу сериозна, или ќе имате пари да продолжите да работите или тоа ќе биде крајот на бизнисот.

3. Проблеми во љубовната врска

Земајќи во предвид дека во главата ќе имате многу работи поврзани со компанијата, прашање е колку ќе бидете концентрирани на вашиот партнер/ка. Службените патувања, деловни состаноци, работни појадоци и ручеци… Повеќе пати ќе морате да го откажете договорот со вашиот партнер/ка заради бизнис цели, а во ваква ситуација важно е да имате покрај себе личност што ќе ве поддржува и разбира.