Три нови услуги нуди Контакт центарот на катастарот

37

katastar-580x266

Контакт центарот на Агенцијата за катастар воведува три нови електронски услуги. Со нивна помош граѓаните и компаниите брзо и ефикасно ќе ги добијат сите потребни информации и услуги.

Отсега електронски ќе може да се исправи техничката грешка доколку е направена во некој од документите што ги издава Катастарот, ќе може да се закаже состанок со надлежните од оваа институција, а по електронски пат ќе се информираат клиентите и за одредени теми, новости и промени, јавува Миа.

Контакт центарот функционира од мај 2014 година и досега има примено 48.510 повици од кои за 24.420 повици веднаш е дадена потребната информација која ја барале граѓаните што се јавиле.

За онлајн исправката на техничка грешка, граѓаните треба само по електронски пат преку емаил адресата [email protected] или на бесплатната телефонска линија 0800 – 80 – 800 да пријават техничка грешка по што таа ќе биде разгледана.

Втората услуга овозможува на бесплатниот телефонски број 0800 – 80 – 800 да се закаже состанок со стручните лица од Катастарот, додека преку третата новина наречена Кампања корисниците на услугите на Катастарот ќе бидат информирани за сите новини, промени, нови сервиси, истекување или продолжување на рокови на одредени тимови на предмети.