Три нови вина на Тиквеш

15

FOTO_Tikves_Tri novi vina

Винарската визба Тиквеш пред македонските љубители на виното ги претставува трите нови вина од линијата Special Selection – Cabernet Franc и две вина кои се дел од екстензијата на линијата Special Selection т.н. Oak Edition и тоа Chardonnay Oak Edition и Cabernet & Merlot Oak Edition, стои во соопштението.

Cabernet Franc Special Selection 2015 e ново црвено вино создадено од сорта грозје, која својата популарност ја стекнала како една од основните сорти за производство на вината во францускиот вински регион Бордо, а во последниве децении е меѓу најзастапените вински сорти во светот. Дополнителна потврда за квалитетот е тоа што во март годинава, четири месеци пред неговото официјално претставување на пазарот, Cabernet Franc Special Selection доби златен медал на еден од најпрестижните светски натпревари за вино Mundus Vini во Германија.

Chardonnay Oak Edition и Cabernet & Merlot Oak Edition 2015, се вина од нова едиција во линијата Special Selection, којашто ги следи современите светски трендови и преференции на љубителите на виното, и според технологијата на производство и по својот префинет вкус, визуелниот имиџ и модерната амбалажа. Вината зреат во француски дабови бочви од 8.000 литри и тоа шест месеци Chardonnay Oak Edition, односно 12 месеци Cabernet & Merlot Oak Edition, добивајќи дополнителна комплексност на богати вкусови, коишто придонесуваат за целосно ново винско искуство. Стелвин затворачите, кои се тренд кај вината од ’новиот свет’, овозможуваат вкусот на виното долго да остане непроменет, заштитувајќи го од оксидација и од други влијанија на надворешната средина.

“Секогаш кога претставуваме нов производ возбудата е голема. И овој пат сме особено горди што повторно успеваме на потрошувачите да им понудиме нешто поинакво, но и да ги претставиме можностите што во однос на технологијата на производство и експертизата на енолошкиот тим ги поседува винарската визба Тиквеш. Овие три вина се израз на нашите цели за континуирани иновации, приближување на светските трендови и креирање нови вкусови за домашните потрошувачи. Затоа, веруваме дека љубителите на вино ќе уживаат во овие три новитета во нашето портфолио“,  вели генералниот директор на Тиквеш, Игор Илиевски.