Според неофицијаните информации три осигурителни компании доставиле понуди на тендерот на Македонски пошти, откако пожарот уништи дел од главната зграда во Скопје.
Од Пошти се уште официјално не соопштуваат колку компании се пријавиле.
Се уште не се знае точната причина поради којашто избувна пожарот на 15 јануари, во којшто изгоре покривот, шалтер салата и некои канцеларии од вториот кат.
Директорот на Македонски пошти претпоставуваше дека имало спој на електрични жици, но од МВР точната причина за пожарот се уште не е соопштена.
Тендерот беше распишан три дена по пожарот, а рокот за доставување на понудите беше до вчера.